Четврта седница на советот на општина Неготино
25-06-2013 РЕГИОН

Синоќа советниците при советот на општина Неготино  ја одржаа четврта редовна седница на која советниците расправаа по десет точки од кои поголемиот дел од нив беа посветени на комуналната изградба.

На почетокот со мали измени во дневниот ред беше додадена нова десетта точка а која се однесуваше за усвојување на предлог одлуката за спроведување на постапките за јавна набавка на енергенси за греење и превоз на учениците во основните и во средното општинско училиште  веднаш потоа се премина на усвојување на неколку точки од комуналата изградба меѓу кои усвојување на Предлог –Одлука за утврдување на приоритет  на проект Патен правец с.Тимјаник –с.Д.Дисан во должина од 1,587 км, давање согласност за намената на инвестицијата  на овој патен правец,советниците едногласно ја усвоија одлуката за утврдување на приоритет  на проект Партерно уредување на с.Д.Дисан и давање негова согласност,потоа ја усвоија и  Предлог –Одлуката за утврдувaње на приоритет  на проект Пат с.Горни Дисан-с.Вешје во должина од 800 метри како и давање согласност за намената на инвестицијата за тоа .

На синоќечната седница советниците како седма точка од дневниот ред го усвоија  Предлог-Правилникот за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот ,Предлог –Одлука за давање под закуп на недвижен имот во сопственост на о.Неготино  во с.Тимјаник.,Предлог-Заклучок по однос на исполнување на урбанистичките услови за вршење на  дејност складирање, третман и преработка на инертен отпад и на крај расправа под точка разно.

 Б.Н.Т



Share

Додади коментар