Градоначалникот на Општина Кавадарци Александар Панов до верниците од исламската вероисповед во Општината, регионт и Македонија упатува искрена честитка по повод големиот исламски верски празник Курбан-Бајрам.
„Оваа духовна порака за Курбан-Бајрам нека биде поттик до секој верник од исламската верска заедница, за негов придонес кон разбирањето, соработката и промоцијата на доброто, а пред се за мир на сите луѓе на овој свет“
Во честитклата се вели:
На сите граѓани од исламската вера од името на Општината и во свое име, им посакувам честит Курбан-Бајрам. Овој голем празник на жртвата нека биде дополнителен потстрек во делењето на хуманост, толеранција и солидарност меѓу сите членови на исламската вера, а воедно и кон сите други луѓе припадници на различните вероисповеди.
Лично посакувам бајрамските денови да ви донесат мир, здравје и среќа, а пред се семејно и пријателско заедништво во духот на празникот.
„Бајрам Шериф Мубарек Олсун“

Додади коментар