Од почетокот на ковид пандемијата, во Тиквешијата, според статистиката се бележи најсилен удар на ковид 19 изминатиот месец, или третиот бран беше најсилен. Евидентирани се 1870 позитивни и 57 починати лица.
Во Кавадарци поради компликации од корона вирус животот го загубиле 33 лица, а биле дијагностицирани вкупно 1068 позитивни случаи. Заклучно со вчера во Кавадарци активни се 721 случаи, а од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 4451 позитивен.
Во Неготино починале 19 лица, а во март се избројани 689 позитивни на вирусот. Овде од почетокот на пандемијата има вкупно 1932 случаи, додека во моментов активни се 395.
113 позитивни имало во Демир Капија, а починале пет лица.
Во март и ковид центарот во кавадаречката болница, кој располага со 95 болнички кревети, беше постојано под наплив на пациенти, кои најчесто имаа потреба од кислородна поддршка. Дневно имаше на лекување и по 80 пациенти.
Вчера биле примени седум нови пациенти и моментално на лекување се 72 во стабилна општа состојба.
А.Д
Додади коментар