Агресивна кампања и годинава ќе води Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци по повод неделата за грижа на стари лица. Целта е да се подигне свеста кај населението за правата на старите лица како и грижата за нивна помош, вели секретарот на кавадаречкиот Црвен Крст Розе Илова. Деновиве завршуваат последните подготовки, дел од активностите се прецизирани, дел се дефинираат, но како и да е ќе следуваат низа случувања во рамки на неделата која започнува од понеделник на 18 ти, а ќе трае до 24 ноемрви информира Илова. Ние сакаме вие знаете заедно можеме е годинава мотото под кое ќе се одбележува неделата за гружа на старите лица.
Кампањата овој пат е подржана од ЕВН Македонија со чија помош се изработени едукативните флаери и се обезбедени ленти и ланцети кој ќе бидат искористени при акциите за бесплатно мерење на крвниот притисок и шеќерот во крвта. Оваа активност ќе биде бесплатно организирана во соработка со Здружението на пензионери Кавадарци, а сите пензионери ќе можат бесплатно да измерат шеќер во крвта и крвен притисок, во денот утврден во кампањата. Како дел од истата ќе биде и пропагандниот материјал што ќе биде истакнат на јавните места низ градот особено онаму каде најчесто се движи популацијата од третата доба, ќе се делат едукативни флаери и материјал, а со помош на младите од клубот ќе бидат посетени и неколку семејства со стари и изнемоштени лица кој ќе добијат бесплатно мерење на крвниот притисок во својот дом и ќе се дружат со младите за насмевка и разбивање на монотонијата вели секретарот на каваадречкиот црвен крст. Се надевам дека и годинава ќе ја постигнеме целта, ќе ја разбудиме свеста кај граѓаните и барем малку ќе ја предизвикаме во поголемо нивно нивната грижа и почит кон старите лица вели за КТВ, Илова.
Неделата за грижа на старите лица активно ќе ја спроведува и Црвениот Крст на Неготино, потврдува за ктв секретарот Блаже Настов.И во Неготино со низа активности ќе се води кампања за поголема грижа и почит кон старите. Нашата организација изготви програма по повод престојната недела, а активностите ќе ги реализираме заеднички, нашиот клубот на пензионери Анри Динан со здружението на пензионери Неготино и волонтерите од клубот на млади при Црвен Крст, информира Настов.
Според програмата предвидена е посета во домот за грижа на стари лица Жана Неготино, натпревар помеѓу младите волонтери и пензионерите во шах и табла, друштвени игри и посета во десетина семејства на стари и изнемоштени лица од Неготино и неколку рурални средини.Деновиве работиме на последните подготовки, а паралелно течат и активностите околу ПХВ програмата информира секретарот на неготинскиот црвен крст. Од него дознаваме дека во текот на вчерашниот ден одржана е првата ПХВ работилница со учество на 40 тина млади.Дисеминатор на истата е Ѓорѓи Јованов од клубот на млади кој младите ги едуцирал за црвениот крст, неготово постоење, улогата и хуманите вредности. Втората работилница е закажана за на 22 ри овој месец информира Настов.
M.M

Додади коментар