Црвен Крст Неготино најавува две крводарителски акции
15-09-2014 РЕГИОН

Поради редовните потреби за крвни единици во државата, Општинската организација на Црвен Крст Неготино организира редовнa крводарителскa акцији информира денеска раководството на оваа хуманитарна организација.

 

Првата од доброволните акции е закажана за на 18.09.2014 во (четврток) , а ќе се реализира во просториите на Црвен Крст Неготино во период од 09 до 15 часот.Втората организацијата ја закажа за на 19.09.2014 ( петок) во О.У „Д.А.Габерот“ - Демир Капија во период од 09 до 14 часот.Од неготинскиот црвен крст поканата ја оставаат отворена за сите граѓаните, работниците и учениците од Општинa Неготино.

 

 Оставаме заинтерсираните да ја изразат својата хуманост и солидарност со доброволно дарување на својата крв за да се  спаси нечиј живот, додаваат организаторите. Крвта е незаменлив лек кој не се знае кому и кога некому ќе му затреба. Дарувајте крв денес затоа што утре можеби и вам ќе ви биде потребна, советуваат од општинската организација на Црвен Крст Неготино.

 м.м

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар