Црвен Крст Кавадарци со информација што е потребно да се донира
21-05-2014 РЕГИОН
Општинката организација на Црвен Крст Кавадарци ги информира граѓаните на општините Кавадарци и Росоман дека во моментот има доволно залихи на облека и флаширана вода наменета за настраданите од поплавите.
Затоа граѓаните доколку сакаат да донираат нешто да се фокусираат на хигиенски средства, средства за дезинфекција,конзервирана храна и парични прични средства преку телефонскиот број 075/070/077 143 400 и преку жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620-Комерцијална банка.
Воедно од Црвен крст изразуваат голема благодарност до граѓаните и фирмите од Кавадарци и Росоман за нивните донации.

Додади коментар