Црвен крст Кавадарци организира акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта
03-04-2017 РЕГИОН

Бесплатно ќе се мери шеќерот во крвта на сите заинтересирани граѓани. Акцијата за граѓанството ја организира кавадаречкиот Црвен Крст во соработка со Институтот за дијабетес од Скопје.

 

Мерење на шеќерот во крвта и консултации со дијабетолог ќе добијат граѓаните кои ќе бидат дел од акцијата закажана за во четврток на 6 ти април во периодот од 9 и 30 во салата на општинското собрание.

Во Македонија околу 120.000 лица се заболени од дијабетес, а 35.000 се на инсулинска терапија. Бројот на заболени се зголемува и неопходно е да се прават превентивни прегледи и подигне свеста кај населението за ризик факторите за појава на дијабетес поврзани со исхраната, физичка неактивност, зголемената телесна тежина, стресот.

 

Компликациите од болеста може да се спречат со добра контрола на шеќерот во крвта, зголемување на физичка активност, правилен начин на исхрана и соодветна терапија. Ова беше потенцирано денеска од страна на учесниците на стручниот состанок во пресрет на 7 април, Светски ден на здравјето, кој годинава се одбележува под мотото „Да го победиме дијабетот“. Состанокот го организираше Институтот за медицина на трудот на Република Македонија, Скопје – Колаборативен центар на Светската здравствена организација, во соработка со канцеларијата на СЗО.

 

Лекарите потенцираат дека бројот на заболени од дијабетес расте секоја година. Посочуваат дека ќе стане седма најчеста болест во светот која ќе го оптоварува здравствениот систем и државите воопшто.Со ваков вид на кампања  децидни се и од црвениот крст во суштина би можело на некој начин да се зголеми свесноста за дијабетесот кај нас. Добрата гликемиска контрола, зголемувањето на физичката активност, правилниот начин на исхраната и соодветната терапија кај пациентите можат да помогнат многу. Токму затоа се организира и акцијата за бесплатно мерење на шеќерот во крвта и консултации со лекар, додаваат од Црвен Крст Кавадарци.

 

Милица Младенова

               



Share

Додади коментар