Црвен Крст Кавадарци додели јубилејни признанија
30-06-2022 РЕГИОН

По повод 14 јуни Светски ден на крводарителството, во организација на  Општинска организација на Црвен Крст Кавадарци беа доделени  јубилејни признанија и скромни награди за крводарителите од Кавадарци и Росоман кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, и 75 пати. Најуспешните 11 крводарители за 50 и 75 пати добија рачни часовници.

 

Признанија добија и заслужни волонтери, иституции, ветерани во крводарителството кои дарувале крв над 100 пати, како и заслужни новинари-претставници од локални медиуми кои даваат подршка во промовирање на доброволното крводарителство.

 

Според годишниот план за крводарителство ООЦК Кавадарци треба да реализира крвни единици 3% од вкупното население од двете општини Кавадарци и Росоман и тоа е бројка од 1186 крвни единици.

 

Во 2021 година реализирани се 2363 крвни единици, и со тоа го освоивме првото  место во државата на ниво на Црвен крст на РСМ по број на реализирани крвни единици. Честитки за сите солидарни и хумани луѓе!



Share

Додади коментар