Црвен Крст донираше пакети со храна и средства за заштита
27-04-2020 РЕГИОН
Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци а во соработка со претставници од Ромското население, денеска беше дистрибуирана донацијата на помош во храна и средства за хигиена обезбедена од ,,Фондација отворено општество`` наменета за ранливото население, невработени, од Ромска популација.
 
 
Беа донирани 100 пакети со храна и 100 пакети со средства за хигиена на домашна адреса на сите 100 семејства -крајни корисници.
Бидејќи интересот за помош беше доста голем, околу подршка во дистрибуцијата на помошта помогнаа и лица од ПС Кавадарци околу воспоставување ред, превенција и коректно и заштитено влегување во домовите на корисниците на оваа помош.
 
 
Се надеваме дека и овој пат потпомогнавме во ублажување на состојбата на ранливата целна група Ромско население, кои во овие тешки моменти на пандемијата со корона вирусот многу тешко се снаоѓаат во секојдневниот отежнат живот.

 



Share

Додади коментар