Циркусот од ДИК продолжува: ДУИ и Алијанса на Албанците победници на гласачки места во Кавадарци!?
17-07-2020 РЕГИОН

Нелогичностите кои доаѓаат од ДИК со изборните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа завчера продолжуваат. Нивната апликација за резултати покажува дека албанските партии освоиле најмногу гласови и на избирачко место во Кавадарци. Станува збор за тотална грешка.

 

На гласачко место 660 во Кавадарци според она што може да се види од ДИК, ДУИ добиле 94 гласа, а Алијанса на Албанците 89. Дека станува збор за глупост или нешто друго, покажуваат и резултатите од општинската изборна комисија. Според официјалните резултати од овде,  ДУИ на ниво на општина Кавадарци освоиле вкупно 25 гласа, а Алијанса на Албанците само 17 гласа.

 

Од ДИК мора да дадат одговор која е целта на овие неточни податоци?

 

 

 

Да биде глупоста уште поголема, во чисто македонска средина, на гласачко место 659,  СДСМ добиле само 26 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ само 6 гласа.

 

А.Д



Share

Додади коментар