Остварување на неприкосновеното право на глас на граѓанките и граѓаните е главната цел на новиот проект „Гласам, значи постојам“ што ЦИВИЛ – Центар за слобода, кој денеска беше промовиран во повеќе општини од Вардарскиот регион.
Граѓанките и граѓаните на општините Велес, Градско, Росоман, Кавадарци и Неготино на инфо-штандовите на ЦИВИЛ ќе имаа можност да се информираат и да ги споделат своите ставови, мислења и информации во врска со претстојниот референдум со претставниците на огранизацијата и да ги остават своите пораки на паноата поставени на плоштадите во овие општини или анонимно ја остават својата порака во „кутија за гласање“.
Граѓанките и граѓаните од овие општини имаат можност да се пријават и како краткорочни набљудувачи на референдумскиот процес.
Проектот е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Додади коментар