Цеца го преплави Кавадарци - успешно завршена приказната под отворено небо Тиквешки гроздобер 2018
10-09-2018 РЕГИОН

 

Со спектакуларен пет минутен огномет синоќа финишираше програмата од стопанско-туристичката и културна манифестација Тиквешки гроздобер. Според организаторот концертот на мега ѕвездата Светлана- Цеца Ражњатовиќ го проследија над 50 илјади граѓани.

 

Цеца направи кулминација на сите музички случувања. Кавадарчани но и гостите кои дојдоа од земјава и странство со неа ги пееја понзтите хитови. Плоштадот како никогаш досега беше преполнет. Преполни беа сите официјални штандови на винариите и кафетериите. Таму се пиеше исклучиво вино. На овој гроздобер место повеќе се бараше и во сите угостителски објекти.

 

 

Организаторот успеа да обезбеди паркинг простор за сите автомобили кои влегоа во Кавадарци за гроздоберот. Волонтерите кои ги распоредуваа возилата беа на висина на задачата. Се наплаќаше по 50 денари за паркирање.

 

Во саботата исто така со голем интерес беа проследени музичките концерти на Некс тајм, Љубојна и Агушеви.

 

 

За младите гроздоберска забава имаше и на спомен костурницата. Настапите на неколку познати ди-џеи исто така беа проследени со воодушевување од младите.

 

Иако на првиот ден од гроздоберот, во петокот во ноќните часови паѓаше силен дожд публиката се забавуваше со Криско и Слаткаристика. Младите нивни фанови не ги спречи дождот да покажат дека се желни за забава.

 

Во рамки на гроздоберот не изостанаа и спортски активности. Се играше кошарка, ракомет. Исто така се исцртуваа и графити.

 

Се на се Кавадарци се покажа како одличен организатор и домаќин на годинашното издание на Тиквешки гроздобер.

 

Ангел Данов

 

 



Share

Додади коментар