Централна манифестација по повод Свети Трифун во Неготино
14-02-2015 РЕГИОН

Со фолклорно дефиле на кое учествуваа играорци, пеачки групи, инструменталисти од општина Неготино, Македонија но и гости од соседните држави,  започна централната прослава на празникот на винарите и лозарите Свети Трифун во општина Неготино.

Во рамки на манифестацијата учество земаа куд „Јане Сандански“ и куд „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, куд „први партизан“ од р. Србија и фолклорнното друштво „Маневски“ од скопје. Најпрво учесниците продефилираа низ улиците а потоа се претставија со неколку изведби карактеристични за нивниот крај.

Со свечено обраќање присутните ги поздрави градоначалникот на општина неготино ванчо апостолов, и им посака многу здравје, среќа на сите лозари и винари од неготинскиот крај и им го честита денешниот празник.

На големо задоволство на општина Неготино на централниот настан беше присутен и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој воедно ја искористи прилика и им го честита празникот на лозаропроизводителите и на сите присутни им посака оваа година богат и квалитетен род. Тој најави дека до петок лозарите ќе ги добијат субвенциите.

По завршување на официјалниот дел, сите присутни на градскиот плоштад имаа можност да уживаат во добро вино и неготинска пита и да уживаат во музичката програма од страна на музичките ѕвезди од македонската естрада.

Maja Aлексовска



Share

Додади коментар