Се уредува централното подрачје во село Манастирец.Со овој зафат завршува проектот со кој во минатата година се уредија и централните подрачја во Трстеник и Паликура.
Временските услови дозволија се уредува централното подрачје во село Манастирец. Денес се поплочуваше и се поставуваа ивичњаци. Во дадениот рок ќе завршат работите вели изведувачот. Со овој зафат завршува проектот кој почна последниот месец од минатата година, а со проектот се уредија и централните подрачја во Трстеник и Паликура.Финансиската конструкција на овој проект чини 1 милион денари, а на инфраструктурата интензивно ќе се работи и оваа година информира градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов.
Пари од пристапните фондови за изградба ќе се црпат и годинава. Се аплицира со повеќе проекти , а деновиве се очекува зелено светло за дел од нив додава Лазов.
Милица Младенова
Додади коментар