Целосно реновирано осветлувањето на атлетската патека на спортскиот центар „Јасмин“
04-09-2018 РЕГИОН

 

 

Општина Кавадарци го реализира проектот за подобрување на Јавното осветлување на теренот и атлетската патека на Спортскиот центар „Јасмин“.

 

Општината во рамките на овој проект изврши целосна замена на подземната нисконапонска мрежа на постојните 14 столбови поставени околу атлетската патека. На овие столбови ќе се монтираат нови ЛЕД светилки (двојна лира) со што ќе се подобри осветлувањето на патеката.

 

Како дополнување на моќноста на јавното осветлување на источната и западната страна на теренот се поставуваат 6 нови столбови по три од секоја страна. Столбовите се високи 12 метри, а на секој од нив ќе биде поставен рефлектор со моќност од 1КW.

 

Дополнителното осветлување со кое во многу ќе се подобри видливоста во ноќните часови е донација од фирмата „Матал Апостолов“ - информираат од општинската прес служба.

 



Share

Додади коментар