Целосно нови семафори на три значајни раскрсници во Кавадарци
28-02-2019 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци започна со реализација на сообраќаен проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација. Предвидено е комплетно да се реконструраат семафорите на три значајни раскрсници од кои две во центарот кај Домот на Културата и кај старатa автобуска, како и семафорската постројка кај училиштето „Гоце Делчев“ - информираат од локалната самоуправа.


Според проектот целосно ќе биде заменетa подземната инфраструктура за електричното напојување, а комплетно нови ќе бидат столбовите како и светлечките уреди возачки и пешачки латерни со одбројувачи на време во ЛЕД технологија.


Ова е прв посериозен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век, кога Кавадарци за прв пат доби светлосна регулација со семафори на сообраќајот низ градските улици.



Share

Додади коментар