Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Павер Трејд“ успешно реализираше уште еден проект од комуналната изградба. Завршена е изградбата на улицата „Киро Каракулев“ на потегот од спојот со регионалната улица „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, па до последниот станбен објект.
Актуелното раководство на Општина Кавадарци конечно го реши децениискиот проблем на жителите од тој дел на Кавадарци. Проектот кој е реализиран на барање на граѓаните опфати изградба на урбанизирана улица која на граѓаните ќе им овозможи непречен пристап и движење до нивните домови.
Завршен уште еден комунален проект со чија изградба се реши значаен комунален проблем за дел од жителите на улицата „Ѓоре Брушански“.
Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „„Мулти градба“ изгради армирано бетонски потпотен ѕид во должина од 16 метри. Ова беше втора фаза од проектот кој започна да се релизира минатата година.
Со изградбата на армирано-бетонскиот ѕид се стабилизира земјиштето, а се дооформи и коловозот на двете улици под и над ѕидот.
Оперативата на фирмата „Павер трејд“ ја спроведува последната фаза на проектот на Општина Кавадарци за реконструкција на дел од улицата „Перо Видев“ во село Ваташа.
На површина од 350 квадратни метри се поставуваат павер елементи на потегот од кејот на реката Луда Мара до старата селска чешма. Претходно Општината преку ЈП „Комуналец“ долж целата траса на улицата изврши замена на старата со нова водоводна линија.
Во тек е тендерска постапка за продолжување на работите за поплочување на целата должина од улицата.
Додади коментар