За прв пат по отворањето, целосно е реновирано и опремено детското одделение во Кавадаречката болница со донација од Јапонската Амбасада во износ од 50 илјади евра.
„Нашите заложби за подобрување на условите на детското одделение значат подадена рака на загрижениот родител, пријатна атмосфера на болните дечиња и современи услови за работа на нашиот стручен лекарски тим“ велат од раководството на оваа јавна здравствена установа.
Во тек е изградба и на ново Интерно одделение во болницата со капацитет од 16 болнички кревети.
Со тоа, велат од болницата, го решаваме проблемот на зголемен број пациенти, со можност за функционирање на посебен машки и женски отсек во рамките на интерно одделение.
Oвие градежни зафати се први сериозни активности за реновирање од отворањето на болницата. Родителите често бараа подобри услови за своите деца кога се згрижуваа на детскиот оддел.
Додади коментар