Царовска: Над 90 проценти од учениците успешно следат онлајн настава

На ниво на цела држава, 90,2 % успешно следат онлајн настава, рече
министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната работна
посета на Општина Прилеп.

 


„За останатите девет проценти, наставата се следи преку телевизија, но
и со доставување на печатени материјали до учениците. Благодарност до
Националната радиотелевизија заради тоа што овозможи 15-минутни часови
да се одвиваат и на телевизија. Како МОН сме задоволни од моделот на
настава којшто се избра заедно со Владата, а тоа е комбиниран, дел со
физичко присуство дел со онлајн настава“, изјави Царовска.

 


Во наредниот период следува оценувањето на учениците, а до 20
ноември треба да се утврди и првото тромесечје. Царовска укажа дека и
наставниците и учениците ќе имаат поддршка за  сите предизвици коишто ќе се
јават.



Share

Додади коментар