Хуманитарна акција на кавадаречките социјалдемократи
18-10-2013 РЕГИОН

Општинската организација на СДСМ Кавадарци во соработка со Клуб на жени по повод неделата на гладта спроведе  хуманитарна акција.  Го посетија кавадаречкиот Црвен Крст каде донираа облека за најзагрозените.

 

Претседателот на кавадаречките социјалдемократи,Зоран Ѓорѓиев  рече дека целта на акцијата  е да се даде  скромен придонес за најзагрозената категорија граѓани и воедно да биде апел за алармантната состојба на се поголем  број сограѓани кои се наоѓаат на работ на својата егзистенција.

 

„Без разлика на розовите реклами кои ги гледаме секојдневно на тв екраните сите сме сведоци на тешката економска состојба во која се наоѓаме. Скапите пропаганди за лажниот развој кој се обидуваат да го прикажат низ медиумите воопшто не ја менува суровата вистина за тоа дека секој ден станува се потешко да се прехрани семејството“ рече Ѓорѓиев, нагласувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз со подршката од граѓаните ќе се ставел во целосна функција  на секој еден граѓанин да му се обезбедат услови за достоен живот.

А.Д



Share

Додади коментар