Хуманитарна акција за поплавените подрачја во Македонија од младите на ВМРО-ДПМНЕ
06-02-2015 РЕГИОН

2000 литри флаширана вода за пиење до денеска на пладне преку хуманитарна акција успеа да собере УМС при ОК на ВМРО ДПМНЕ Росоман наменета за населението кое настрада во поплавите што ја зафатија Македонија. Претседателот на унијата Ѓорѓи Крстевски информира дека и покрај лошите временски услови акцијата и понатаму ќе се реализира и ќе трае до недела кога во попладневните часови собраната хуманитарна помош ќе биде дистрибуирана до нај загрозените подрачја.

 

Според Крстевки унијата во Росоман работи со 170 членови, а во моментот на терен се активни сите. Се прибира главно вода за пиење, а во недела ќе има и донации од хигиенски средства и конзервирана храна. Со полна пареа според претседателот работи и штабот, кој првично своите членови ги алармира на хуманост, а потоа и останатите граѓани на општина Росоман. Најважно е сега единството, а тоа го покажуваат не само жителите на Росоман, туку и членовите на унијата на млади сили од Кавадарци, Неготино и Демир Капија со кои заеднички ја реализираме и оваа акција со која се надевам барем малку ќе им помогнеме на настраданите вели Крстевски за КТВ.

 

Милица Младенова



Share

Додади коментар