Хуманитарна акција за помош на млада кавадарчанка
21-01-2019 РЕГИОН

 

 

Седумнаесет годишното момче кое на Водици го извади светиот крст од водите на реката Луда Мара заедно со навивачката група „Лозари Исток“ започна хуманитарна акција за помош на своја сограѓанка на која и е потребна операција во Германија.

 

Дарко Недев два дена со навивачите и светиот крст собираат финансиски средства за операцијата на Драгана Малкиќ. Потрени и се 10 илјади евра. 

 

„ Наместо да одам по куќите на граѓаните и парите да ги ставам в џеб, се одлучив на оваа можност, кој сака да го допре крстот да донира колку сака , а така сите пари ќе ги наменам за ова хуманитарна активност, која нема да можев сам да ја организирам. Многу ми помогна навивачката група Лозари-Исток, чиј член сум и јас. Тие ми се голема поддршка, и всушност и ми го дадоа предлогот“ вели младиот кавадарчанец и додава дека е побарана дозвола од црквата да можат со богојавленскиот крст да соберат уште некој денар.

 

 

 

Вчера на плоштадот во Кавадарци беше поставен и штанд. Собрани се 1300 евра.

 

И покрај задоволството од огромниот одзив, од навивачката група Лозари информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со хуманитарната акција се со цел што побрзо да се соберат уште 5000 евра кои се потребни за операцијата на Малкиќ.

 

А.Д



Share

Додади коментар