Победата на кошаркарскиот натпревар причинува моментално задоволство, но победата на животот носи доживотна среќа. Токму затоа, кошаркарите од кошаркарскиот клуб Фени Индустри, истоимената компанија која долги години стои зад него и членовите на навивачката група „Лозари Исток“ како на многу пати докажани вљубеници во градот, но и хуманисти, ги покануваат сите поранешни, сегашни и идни навивачи, поддржувачи на кошаркарскиот клуб Фени Индустри, вљубеници во кошарката и спортот воопшто да се вклучат во големата акција за помош на Даниел Мустеников.
Очекуваме голема поддршка за да ги добиеме двата дуели, едниот против Работнички, и оној поважниот во борбата за живот на Даниел Мустеников. Ние, како кошаркарскиот клуб „Фени Индустри“ ќе ги донираме сите средства собрани од продажбата на билетите, а во соработка со навивачката група „Лозари“ ќе поставиме штандови на кои сите гледачи ќе можат да донираат дополнителни средства за помош на 26 годишниот кавадарчанец“. Повикуваат од КК Фени и навивчаката група Лозари и апалираат Да покажеме уште еднаш дека Кавадарци е хуман град и заедно да му помогнеме на младиот Даниел.
Додади коментар