Хуманитарна Aкција: ЗАЕДНО КАДЕ Е ПОТРЕБНО
14-04-2020 РЕГИОН

Црвениот крст на Република Северна Македонија следејќи ги состојбите предизвикани од КОВИД 19 организира Хуманитарна акција „Заедно каде е потребно“ со цел да обезбеди помош за ранливи целни групи на население и оние кои останаа без работа во овој период.

Акцијата ќе се реализира до 10 мај годинава, а може да се донира храна, средства за хигиена и средства за дезинфекција и донација на парични средства.

Во хуманитарната акција можат да се вклучат заинтересирани правни субјекти и граѓани

-          Во акцијата правните субјекти можат да обезбедат донации во храна, средства за хигиена и средства за дезинфекција и парични средства.

-          Напомена: Заради поголем безбедност, граѓаните во акцијата можат да дадат поддршка исклучиво со донирање на парични средства.

-           

Помошта во храна, средства за хигиена и средства за дезинфекција може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток, Скопје и во општинските организции на Црвениот крст во земјата.

 

-          Донациите во парична средства можат да се уплатат на:

  • Сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ – 300000001327966

ДБ 4030984271620- Комерцијална банка

  • 100 денари со повик на телефоните 070/075/077 143 400
  •  

Донираните средства од хуманитарната акција се наменети за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и дезинфекција.

 

Црвениот крст на РСМ ги повикува сите заинтересирани правни субјекти и граѓани да се вклучат и дадат поддршка во хуманитарната акција заедно да помогнеме каде што е потребно.



Share

Додади коментар