Хуманитарен концерт за помош на Маја Керова-Бабунска
01-06-2013 РЕГИОН

  Утре во  Неготино за помош на Маја Керова Бабунска ќе пеат неколку македонски поп пејачи. Станува збор за организиран хуманитарен настан за помош на Маја која е мајка на две ќеркички и која од 2010 години води борба со ракот на дојка кој и покрај хируршкиот зафат и стандардната терапија метастазираше на карлицата и коските на десната нога и предизвика промени во белиот и црн дроб.

За помош на Маја во Неготино утре ќе пеат Андријана Јаневска, Игор Узунов, актерот Роберт Ристов  и неколку други кој ќе допринесат да се соберат средства наменети за лекувањето на Маја Керова Бабунска која мора да отпатува во Хјустон на лекување во клиниката на доктор Бурзински.Организатор на настанот е Клубот на млади на Црвен Крст Неготино .Освен во Неготино , во изминатиов период откако јавноста преку социјалните мрежи беше информирана за состојбата на Маја Керова, досега се одржаа повеќе хуманитарни забави.За Маја исто така може да се донира и со повикување на броевите 077 143 702, 075 143 133 и 070 143 132.

М.М



Share

Додади коментар