Вратите на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Кавадарци денеска по повод светскиот ден на овие лица беа ширум отворени за добронамерните и хумани граѓани. Компанијата „Кожувчанка“, активот на жените пензионерки од Кавадарци и центарот за работа со лица со интелектуална попреченост „Порака“ се сетија на лицата со посебни потреби. „Кожувчанка“ донираше лед телевизор за потребите на центарот, а жените пензионерки донираа дидактички материјали за работа.
Од Центарот за социјални работи и од Дневниот центар искажаа благодарност за донациите, а претставникот на маркетинг секторот во „Кожувчанка“, Митко Јовановски рече дека како општествено одговорна компанија „Кожувчанка“ продолжува со подршка на заедницата.
Волонтерите од невладината организација „Креактив“ од Кавадарци денеска повторно беа со децата со посебни потреби. Реализираа уште една креативна работилница и дружење со децата. По повод трети декември, Светскиот ден на лицата со посебни потреби во дневниот центар се одржа и коктел за родителите на децата кои ги користат услугите на центарот.
А.Д
Додади коментар