Хортикултурно уредување на центарот на Кавадарци
15-04-2015 РЕГИОН
Почна пролетното хортикултурно уредување низ Кавадарци. Се уредува новиот центар во градот, а денеска се разеленуваше и новиот кружен тек. Се садат сезонски цвеќиња, рози и зимзелени садници. Хортикултурното уредување тече според програмата, но за жал сеуште е проблем недоволната култура кај граѓаните.
Се крадат садници, се прават штети. Време е да ја подигнеме свеста и да сватиме дека се што правиме е за чисто и убаво Кавадарци, вели за КТВ раководителот на паркови и зеленило Ратка Мукаетова.
Тековно се одржува целата зелена површина во градот. Се сади, расадува, разеленува, се чисти, надовнува и кастри се што е во надлежност на паркови и зеленило работната единица на ЈП Комуналец.
М.Младенова
Додади коментар