ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ КАЈ ЗГРАДИТЕ НА БУЛ. „КОЧО РАЦИН“
11-05-2018 РЕГИОН

 

Градежната механизација на фирмата „Ја-Ми“ од Кавадарци, општината Кавадарци и ЈП „Комуналец“ интензивно го реализираат птоектот за хортикутурно уредување на просторот меѓу зградите зад булеварот „Кочо Рацин“ и индивидуалните станбени објекти на улицата „Орце Николов“.

 

 

Се работи за површина од 2000м2 која што хортикултурно ќе се уреди. Фирмата донатор „Ја-Ми“ на општината и отстапи скипер и 4 камиони со кои просторот најпрвин се расчисти од шут, смет и обрасната вегетација. Потоа беше донесена земја со која се дооформија зелените површини.

 

Јавното претпријатие на тој простор ќе спроведе систем за полевање, по што ќе следи садење на дрвја и сеење на трева.

           

 

По завршувањето на акцијата општина Кавадарци на жителите од овој дел на градот ќе им предаде во употреба урбанизиран и култувиран простор за одмор и рекреација.



Share

Додади коментар