Хортикултурно се уредуваат повеќе локации во Неготино
27-04-2018 РЕГИОН

 

Во рамките на реализацијата на проектот „Мојот убав град“ на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков деновиве работници на ЈП Комуналец беа ангажирани на хортикултурно уредување на неколку локации во градот.

 

Се разубавуваше централното градско подрачје, паркот во близина на Музејот, околината на спортската сала Младост и други локации во Неготино. Како што информираат одговорните, засадени се зимзелени ползавци, лаванда, трендафили, едногодишни хризантеми и други украсни жбунесто растенија, со единствена цел за разубавување на просторот каде истите се посадени, а наедно на повеќе места се изврши косење на нараснатата трева – информира портпаролот на општина Неготино, Методи Митрев.

 

Активностите од проектот „Мојот убав град“ продолжуваат и ќе се одвиваат во континуитет на територијата на целиот град, а планирано е хортикултурно уредување и на влезот и излезот во и од Неготино со нивно расчистување и садење на украсни растенија.

 

 



Share

Додади коментар