Хортикултурно се уредува дворот на пожарната во Кавадарци
15-03-2019 РЕГИОН
Хортикултурно уреден дворот на Противпожарната во Кавадарци Хортикултурно е уреден дворот на Противпожарната служба, откако по педесет години беше реновиран објектот на пожарникарите во Кавадарци и беа докомплетирани кадарот и опремата на Територијалната противпожарна единица.
-Изразуваме благодарност до кочанската компанија Левидија која донираше украсни дрвца “лејланда” за нашиот двор. Таа соработка со фирмата за расаден материјал и хортикултура, ќе продолжи и во иднина, рече Александар Чадамов, командир на единицата. Задоволство од соработката изрази и Јасмина Луканова, управител на кочанската фирма.

Додади коментар