Хајка на штетен дивеч во росоманско
17-03-2014 РЕГИОН

Хајка на штетен дивеч беше организирана вчера во Росоманско, беа отстрелани два волка. Во акцијата учествуваа околу 35 ловци, членови на Здружението на ловци Тиквешија.

            Претседателот на здружението Васко Иванов кажува дека се работи за редовна хајка на штетен дивеч која се организира веднаш по сезоната за лов на полезниот дивеч.

            -Хајката беше одржана во ловите број 7 Росоман, во делот кај росоманското село Крушевица. Акцијата беше многу успешна. Се најдоа неколку волци, а се отстрелаа два што е голем успех-нагласува Иванов.

            Учесниците во хајката рекоа дека организацијата била одлична. По акцијата тие имаа заеднички ручек.

С.Д.



Share

Додади коментар