Утре во македонскиот фудбал на програмата е редовното 5-то коло во втората МФЛ. Фудбалерите на Љубанци од Кавадарци имаат тешко гостување во Скопје на силниот состав на Металург. Металурзите во моментов се третопласирани на табелата зад водечките екипи на Академија Пандев и Скопје. Во минатото коло скопјани забележаа тесна победа на гостувањето во соседно Неготино. Нашите фудбалери пак се претпоследни на табелата а во минатото коло ја прокнижија првата победа сезонава совладувајки го тимот на Еуромилк. Но нашите за Скопје нема да патуваат со бело знаме и ке се обидат од ова гостување да се вратат со позитивен резултат.
Што се однесува до решавањето на инфраструктурните проблеми на градскиот стадион во Кавадарци на кои имаше укажување од страна на ФФМ и заради кои стадионот беше суспендиран денеска во разговор со претседателот на клубот Илија Темелковски бевме информирани дека веке се работи на санација на клупите за резервни играчи или поконкретно ке се ѕидаат нови на спротивната страна по сугестија на федерацијата. Новите клупи за резервни фудбалери се очекува да бидат готови во среда а во понеделник или вторник се очекува да пристигнат и новите столчиња по што ке се пристапи кон нивна монтажа.За жал сиве овие обврски паднаа на грбот на претседателот Темелковски кој е буквално единствен клубски функционер и нема никаква помош при решавањето на истите. Темелковски не информираше дека стапил во контакт со неколку фирми кои би го санирале и зидот односно оградата на стадионот бидејки тендерот што за овој проблем го распишуваше ЛС досега двапати паѓаше. Ова значи дека натпреварот помеѓу Љубанци и Хоризонт Турново закажан за 24 септември доколку се се одвива според планираното ке се одигра на градскиот стадион во Кавадарци.
Во ова 5 коло паровите се : Металург – Љубанци , Хоризонт Т. – Вардар Н. , Влазерими – Скопје , Тетекс-Новаци , Еуромилк – Академија Пандев
Во првата МФЛ во недела на програмата е 6 коло а се среќаваат : Силекс – Ренова , Шкупи – Пелистер , Шкендија – Македонија ЃП , Победа – Брегалница , Вардар - Работнички
Mики Виденовиќ
Додади коментар