Над 200 илјади садници денеска беа засадени на голините во кавадаречко. И овој пат успешно се реализира акцијата „Ден на дрвото“ под мотото „Садиме заедно за нас“. Едногласна беше оценката дека ваквите акции се од големо значење за животната средина и треба граѓаните многу помасовно да се вклучуваат во истите.
Во Кавадарци акција се реализира со целосна логистичка подршка од „Македонски шуми“ подружница „Бор“ Кавадарци. Според оперативниот план изготвен се садеше во месноста „Велова чешма“ кај селото Мрзен Ораовец, потоа на „Калница“ кај Ваташа, месноста „Тисовец“ и кај „Моклишкиот манастир, по трасата на петте мали хидроцентрали.
Над манастирот во Моклиште садеа вработените во локалната самоуправа, советници, пратеничката Весна Пемова и државниот секретар во министерството за одбрана, Елизабета Чуповска-Ристова.
Секретарот на општина Кавадарци, Ќире Делов нагласи дека оваа акција е од големо значење и вработените во локалната самоуправа редовно се вклучени во истата..
Од „Македонски шуми“ оцеуваат дека временските услови се погодни за садење. Се надеваат дека ќе има голем процент на успешност.
Денеска во кавадаречко се пошуми површина од 50 ха. Организирано во акцијата учествуваа и ученниците од средните училишта, Локалната самоуправа и граѓани. Учениците од основните училишта работеа во училишните дворови. Меѓу учесниците во акцијата над моклишкиот манастир беше и советникот Слободан Ивановски. И тој ја поздрави акцијата.
Ангел Данов

Додади коментар