ФОТО: Успешно заврши третата езерска винска регата
22-08-2016 РЕГИОН

Дружење, забава,  запознавање со убавините на овој крај како и дегустација на вино и храна беа белег на третата езерска винска регата што вчера се одржа на Тиквешкото Езеро.

Организаторот, Здружението за  негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“ е задоволен од тоа како помина вчерашната регата.

 

Шеесетина учесници беа на Тиквешкото Езеро. Имаа можност да уживаат во вински, археолошки и манастирски туризам, вели директорот на регатата, Панче Арсовски.

 

Од „Винотек“ најавуваат дека следна нивна активност е манифестација со која ќе се означи крајот на бербата на грозје во кавадаречко.

А.Д

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар