ФОТО: СЕ ИЗЛЕА ЛУДА МАРА
28-03-2015 РЕГИОН

Вчера и денеска до утринските часови во кавадаречко наврнаа 50 литри на метар квадратен.  Обилниот дожд го зголеми нивото на реката Луда Мара. Водата се излеа од коритото на градскиот кеј,  поплави земјоделски површини во Глишиќ и Марена, а во вода е  и  куќата на семејството Бајрами во Марена.

 

Обилните врнежи кои се чести непрекинато создаваат проблеми. Петар Димитров, земјоделски производител од Марена се соочи со штети на своите пластеници. Денеска требало да расадува, но неговите фолии се полни со вода

 

„Штетите се многу големи. Пластениците ми се полни со вода. Инвестирав илјада еврa за семе.Незнам дали некој ќе ми ја надмомести штетата“ рече  Димитров . Тој во повеќе наврати барал помош од локалната самоуправа и водостопанство Тиквеш, но не се интервенирало да се спречи излевање на реката.

Од еден часот по полноќ Есад и Нафија од Марена морале да го напуштат својот дом бидјеќи водата од реката почнала да го полни нивниот дом. Со трите малолетни деца побегнале кај своите роднини. .

„ Не знаеме каде да се жалиме. Стравуваме дека овој пат куќата нема да ја издржи водата и ќе се сруши“ се пожали Есад Бајрами.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов денеска беше во обиколка на теренот. Изјави дека повторно комисија од општината ќе излезе на терен да се изврши проценка на штетите.

„Доколку се повторуваат исти штети илузорно е повторно да пријавуваат граѓаните настанати штети и да барат ново обесштетување. Но, доколку има штети на друг движен и недвижен имот, пластеници и останат земјоделски посед тогаш комисијата за земјоделство при општината повторно ќе излезе на терен да направи проценка. Чекавме да се стабилизира времето и да се смири водостојот на реката за да интервенираме со механизација на коритото на реката особено на најкритичните точки кај Глишиќ и Марена. Веднаш по стабилизацијата на временскит еуслови ќе ги реализираме тие активности“ рече Панов.

Податоците од метеоролошката станица во Кавадарци укажуваат дека и за првите три месеци од 2015 има голем воден талог. Во јануари, февруари и март има вренжи од  над 200 литри на метар квадратен. Во јануари имало 49 л/м2, во февруари 89, а март 100 литри/м2. Според прогнозата од УХМР врнежите ќе продолжат се до утре претпладне.

 

текст-фото: Ангел Данов

 

 

 



Share

Додади коментар