ФОТО: По 4 години населбата Кожуф доби струја
02-09-2016 РЕГИОН

Конечно, проблемот со електричната енергија во населбата „Зелен брег“ на скијачкиот центар Кожуф е надминат. Од вчера екипи на ЕВН ја вклучија струјата и сега објектите во населбата се приклучени на електро мрежата.

 

Проблемот се надмина после четири години , по интервенцијата на Регулаторната комисија за енергетика. На ЕВН му беше наложено да се постави нова трафостаница и сите сопственици на викендици и угостителски објекти да бидат приклучени на електро мрежата.

 

Овој потег ветува дека убавините на планината Кожув ќе бидат повторно достапни. Угостителските објекти во населбата „Зелен Кожув“ повторно ќе ги отворат вратите за љуботелите на природата, а во зима и за сите вљубеници на зимскиите спортови.

 

А.Д

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар