Двајца ентузијасти од Франција го спроведуваат проектот Пегаз, преку кој произведуваат електрична енергија со помош на сончеви колектори монтирани на магаре во планините на Кавадарци.
„ Тоа е чуден проект - и поетски и практичен, традиционален и модерен, прогресивен и декадентен, будалест и неверојатен... Вака француските новинари го опишуваат проектот Пегаз, пренесува „Република“.
Во репортажата понатаму се вели:
- А магарето изминатите десет дена оди низ Македонија со „големи крила“, две соларни панели монтирани на неговото седло. Жителите се поканети да ги поврзат нивните електрични апарати на ова дарежливо животно: мобилен телефон, батерија, радио...
Магарето на Франзузите им го позајмил еден фармер по име Ангел.
Проектот функционира на тој начин што додека магарето пасе на сонце, панелите се полнат.
Целата приказна прочитајте ја тука

Додади коментар