ФОТО: Започна асфалтирањето на влезот во Кавадарци од Росоман
23-05-2017 РЕГИОН

 

Во рамките на програмата за комунална изградба во фаза на реализација е проектот за реконструкција на сообраќајницата „Западен Булевар“ која всушност е главниот влез во Кавадарци од северната страна.

 

Денеска се поставуваше еден слој од едната сообраќајна лента. Асфалтирањето ќе продолжи и во наредните денови. Изведувач на работите е „Ми комерц“.

 

Како што најавуваа од локалната самоуправа кога стартуваше овој проект  во август 2015 година,  треба да се реконструираат 440 должни метри на сообраќајницата улица „Западен Булевар“  и тоа на потеготот од новиот кружен тек кај основното училиште „Гоце Делчев“ до спојот на заобиколницата „Кавадарци“, односно со „Северен Булевар“.

 

Исто така беше најавено дека овој проект ќе опфати и хортикултурно уредување, а ќе се поставуваат и канделабри за Јавно улично осветлување.  Финансиската рамка за овој проект изнесува околу 20 милиони денари.

А.Д



Share

Додади коментар