ФОТО: Горна и Долна Бошава полни со гости за Илинден
03-08-2016 РЕГИОН

Чествувањето на  Свети Илија во Бошавијата има долга традиција,  а како селска слава Илинден го празнуваат двете села Горнa и Долнa Бошава .

 

Од памтивек жителите од овие села на двата брега од реката Бошавица ширум ги отвораат вратите од своите домови да ги пречекаат и нагостат сите добронамерници, роднини и пријатели. Така беше и вчера  речиси во секој двор под дебелите ореови сенки  беа распослани трпези со вкусна храна, овошје и зеленчук  од бавчите во дворовите. 

 

Поранешни жители  ги посетија старите огништа децата своите родители кои останале да живеат во селата, како и многугубројни роднини и пријатели. Заеднички белег за двете села е големото гостропримство што ги одликува жителите на   Горно и Долно Бошава.

 

 

Носталгијата за роднииот крај и сеќавањата за детството и младоста беа причина и многумина кои одамна се иселиле од овј крај и заминале надвор од Македонија  токму на овој празник  да се вратат да донесат свои гости  за да им ја покажат убавината на своето родно село и Бошавијата.

 

Новата  убава црква Св Илија која сеуште целосно не е  заврше беше посетена од бројните гости кои палеа свеќи и оставаат дарови на сети Илија.

 

 

 

 

 

 

 

Жителите од Долно Бошава и останатите села на Бошавијата вчерашниот ден  го искористија да го посетат  бошавскиот манастирот посветен на чудесата на  Свети Архангел Мијаил сместен на една доминантна височинка во прекрасна природа меѓу 

селата Крњево и  Долна Бошава.

 

 Таму не пречекаа домаќините Лилјана и Перо Гуреви од 

 Ваташа кои од 1994 година  се домаќини на манастирот. Убаво уредениот 

двор на манастирот е можност за секој добронамерник кој ќе го посети да се разлади и помине пријатни неколку часови во ладовината на големиот орев.

 

текст - фото Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар