Агенцијата за вработување сака да ги знае проблемите и потребите на работодавачите. Денеска организираше форум со претставници на бизнис заедницата. Негова цел е да се унапредат можностите за отворање на нови работни места. Од центарот за вработување во велес велат дека на овие средби, работодавачите можат да се запознаат и со мерките за вработување субвенционирани од државата.
Освен за работдавачите, денеска центарот за вработување организираше и обуки за младите невработени. Ги подучува како да аплицираат за работно место, да изработат CV, напишат мотивационо писмо. Токму ова треба да им помогне да станат конкуренти на пазарот на трудот, велат од центарот.
Инаку минатата недела заврши мерката за финансирање на бизни идеа. До центарот за вработување во велес пристигнале 50-тина апликации за самовработување.
З.Јаневски

Додади коментар