Претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, центрот за вработување и националниот совет за претприемништво и конкурентност денеска пред работодавачите од Кавадарци ги презентира активните програми и мерки за вработување. Се дискутираше за искуствата од досегашната примена на овие поволности како за работодавачите така и за лицата кои ќе бидат вработени. Се идентификуваа и проблемите и потребите на бизнис заедницата за јакнење на соработката во планирањето и имплементацијата на политиките за вработување на локално и национално ниво.
Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов вели дека овие мерки на дражавата во многу помагаат за намалување на бројот на невработени. Се осврна и на економските состојби и можностите за развој на општината.
Работодавачите покажуваат интерес за активните програми и мерки за вработување, рече во изјава за КТВ раководителот на Центарот за вработување во Кавадарци, Благој Борисов. А.Д
(повеќе во видео изданието на вестите)
Додади коментар