На тема активни програми и мерки за вработување течеше форумит кој денеска се оджа во општина Градско наменет за локалните самоуправи и работодавците на Градско и Росоман. На форумот присуствуваа претставници на МТСП, Центарот за вработување Велес, претставници од секторот за локален економски развој на двете општини и работодавците од Росоман и Градско.За Градско и капацитетите со кој располага пред присутните на форумот зборуваше градоначалничката Жанета Чаушевска.Создавањето на услови за економски развој , индустриските зони и проектите на општината исто беа дел од излагањето на градоначалничката.
Првиот човек на Росоман Стојанче Лазов пак зборуваше за основните заложби и успешноста во развојот на стопанството особено во земјоделството како и стапката намалувањето на невработеноста во Росоман, индустриските зони Лака и Калдрма и межународната пропмоција на стопанството. Претставникот на Министерството за труд и социјална политика Младен Фрчковски пред градоначалниците, секторот за економски развој и работодавците го презентираше годишниот оперативен документ, стратегиите и политиките за вработување. Фрчковски детално на работодавците им го појасни процесот и можностите за апликација и придобивките од малите микро проекти. Зборуваше за субвенционирањето на вработувањето, придобивките и обврските на работодавачите како и за 100-те нови работни места реализирани по можностите на ови програми.
За локалниот економски развој на Градско и Росоман зборуваа претставниците од овој сектор на двете општини. Ѓорѓи Крстев од секторот за локален економски развој на општина Росоман детално ја анализираше состојбата со вработеноста и бројките на невработените во Росоман, стапката на невработеност според годините и степенот на образование, а со бројки на истата тема зборуваше и претставникот од овој сектор за општина Градско. Како последен од тематскиот дел на форумот пред присутните се презентираше Центарот за вработување Велес кој ги изненсе активните мерки за вработување.Форумот во Градско заврши со отворена дискусија на темата.
M.M

Додади коментар