Фондацијата „Никола Јанчев“ доделува 46 стипендии
26-06-2018 РЕГИОН

 

Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци доделува вкупно 46 стипендии и тоа:

 

   За ученици запишани во Општински основни училишта вкупно 12 стипендии.

   За ученици запишани во Средни општински училишта вкупно 12 стипендии.

   За студенти запишани на Факултетите на територијата на Република Македонија вкупно 12 стипендии.

 

     Право да добијат стипендија имаат редовните ученици во јавните и приватните основните, средни училишта и факултети во Република Македонија.

Услови кои треба да ги исполнат се:

 

   Да се државјани на Македонија

   Да се родени во град Кавадарци.

 

Покрај општите услови, за секој тип стипендија има дополнителни услови кои секој од кандидатите мора да ги исполни за да се стекне со правото на користење на паричен надоместок (еднократно) во вид на стипендија.  

За ученици од средни и основни училишта родени во град Кавадарци се:

 

   ученикот да има континуиран успех повисок од 3,5

   Да не повторувале ниту една година во текот на школувањето

   Да немаат намалено поведение

   Наградa на општински натпревар или I, II, или III награда на опстински натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

   Наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

   Наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

 

За Студенти се:

 

   Потврда за запишана година на факултетот

   Студентите не треба да се постари од 26 години

   Студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование

   Претходните години на студии постигнале просечен успех од 8,00 и над

   Редовни студенти со континуирано студирање, наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

   Редовни студенти со континуирано студирање, наградa на меѓународини натпревари или I, II, или III награда на државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

 

Критериуми при доделување на стипендиите:

 

При доделување на стипендиите комисијата ќе рангира според следните критериуми:

 

   Дипломи освоени на Општински натпревариевар за освоено 1 место 3 бодови, за освоено 2 место 2 бодови и за освоено 3 место 3 бодови.

 

   Дипломи освоени на Регионални натпревари за освоени 1 место 5 бодови, за освоено 2 место 4 бодови и за освоено 3 место 3 бодови.

 

   Дипломи освоени на Национални натпревари за освоени 1 место 7 бодови, за освоено 2 место 6 бодови и за освоено 3 место 5 бодови.

 

   Дипломи освоени на Меѓународни - Регионални натпревари за освоени 1 место 9 бодови, за освоено 2 место 8 бодови и за освоено 3 место 7 бодови.

 

   Дипломи освоени на Меѓународни - Европски натпревари за освоени 1 место 11бодови, за освоено 2 место 10 бодови и за освоено 3 место 9 бодови.

 

   Дипломи освоени на Меѓународни - Светски натпревари за освоени 1 место 13 бодови, за освоено 2 место 12 бодови и за освоено 3 место 11 бодови.

 

Висина на стипендиите

 

   Ќе се стипендираат 12 ученици од I до IX одделение. Висината на стипендијата ќе изнесува еднократно 6.000,оо денари.

   Ќе се стипендираат 12 ученици од I до IV година. Висината на стипендијата ќе изнесува – еднократно 12.000,оо денари.

   Ќе се стипендираат 12 студенти. Висината на стипендијата ќе изнесува – еднократно 32.000,оо денари.

 

 

   Вкупен износ на стипендирана сума :600.000,00денари.

 

Потребни документи

 

   Пријава од апликантите до Комисијата.

   Свидетелства за континуиран успех.

   Уверение за положени испити.

   Потврда за запишана година на факултетот.

   Документ кој потврдува освоени награди на општински натпревари.

   Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари.

   Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари.

   Фото копија од лична карта или пасош (освен за малолетни лица).        

 

Место и рок за поднесување на документите.

 

             Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака „за Стипендии од фондација Никола Јанчев за стипендирање на талентирани ученици и студенти“ ул. ”Шишка” бр.37 Кавадарци.

             Рокот за поднесување на документите е од 20.06.2018 до 06.07.2018 година. Пријавата може да се подигне од Веб страната на Фондација Никола Јанчев www.fnj.org.mk.

 

               Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

               Документите да се достават по пошта ул. “Шишка” бр.37 Кавадарци или директно во просториите на Кожувчанка ДОО ул. “Шишка” бр.37 Кавадарци.

               Резултатите ќе бидат објавени во рок од 10 (десет) дена од денот на завршувањето на конкурсот.

               Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Фондација Никола Јанчев.

               Поблиски информации можат да се добијат во Кожувчанка ДОО на тел. 043 400-963 .



Share

Додади коментар