Во домот на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се оддржа Фолклорна работилница за децата со посебни образовни потреби ОУ “Страшо Пинџур“ Кавадарци.
Проектот насловен како Фолклорна работилница за лица со посебни образовни потреби од ООУ "Страшо Пинџур" Кавадарци содржи запознавање на децата со работата на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“, преку интерактивна презентација на ора, песни и инструменти. Ќе се работат традиционални ора, традиционални песни и ќе се свири на традиционални инстументи од нашиот регион. Предавач на оваа работилница беше Методи Глигоров - дипломиран етнокореолог.
Настанот е во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2020“, а е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Додади коментар