Фирмите ги платија парцелите кои ги купија во индустриската зона речани 2. Од локалната самоуправа информираат дека сопствениците ја исплатиле потребната сума.. Во законскиот рок се уплатени парите за градежните парцели. На крајот од јануари се одржа јавното наддавање за деветте локации во речани два. Лицитираа 30-тина компании а почетната цена од едно евро за метар квадратен беше десетпати зголемена.. Според неофицијалните инфомрации, сопственици на парцелите се една странска и осум домашни компании.. Дел од нив велешки фирми..
Инаку општината во моментов интензивно работи на прибирање на потребната документација за формирање на индустриската зона Мамутчево.. Во тек е постапка пред министерството за земјоделство а локалните власти веќе ја утврдиле големината и бројот на парцели кои ќе се нудат.. Според првичните најави, мамутчево треба да биде најголема индустриска зона во велес..
Инаку од општина велес информираат дека индустриската зона мамутчево ќе ги нуди сите потребни инфраструктурни и комунални потреби. Се наоѓа покрај експресниот пат Велес-Штип, а подготвен е проект и за водоснабдување. Електричната мрежа пак е обврска на инвеститорите..
Се продадоа сите парцели во индустриската зона речани 2 кај Велес. Локалната самоуправа нудеше девет локации за изградба на производствени погони со лесна и незагадувачка индустрија.. Во јавното наддавање учествуваа над 30 компании. На лицитацијата, почетната цена беше 10пати зголемена.
Осум домашни и една странска компанија станаа сопственици на парцелите во индустриската зона речани 2. Нивна дејност се делови за трансформатори, санитарни елементи, храна.. Милиони евра..
Вкупната површина на продадено земјиште изнесува над 18 хектари.. Од продажбата, општина Велес инкасираше над 2,5 милиони евра.
Зоран Јаневски

Додади коментар