Финишира изградбата на скејт парк во Кавадарци
13-08-2020 РЕГИОН

Деновиве преку ангажираната оператива, Oпштина Кавадарци го привршува проектот за изградба на скејт парк - информираат од локалната самоуправа. 


Реквизитите веќе се монтирани. Скејт паркот  има 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа кутија за стругање (Grindbox 1), како и кутија за стругање (Grindbox 2).


Од реквизитите  има и четвртина цевка (Quarter Pipe), права шина профил (Straight rail profile).


Платото за рекреација и забава на младите скејтери од Кавадарци зафаќа површина од 770 квадратни метри, а се наоѓа веднаш до јужниот влез во спортскиот центар од страна на ул.„Вишешница“.


Поставено е и еколошко штедливо ЛЕД осветлување на 4 високи столбови со 2 рефлектори кои се напојуваат преку подземната нисконапонска инсталација од системот за јавно улично осветлување. Општината на скејт паркот постави и урбана опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.



Share

Додади коментар