Финишира изградбата на велосипедско-пешачката патека Ваташа-Моклиште
19-11-2020 РЕГИОН
Велосипедско-пешачката патека Ваташа-Моклишка воденица, долга 4 километри е во завршна фаза на градба. Деновиве Општина Кавадарци преку ангажираната оператива поставува метални конструкции за настрешници лоцирани на платоата од петте попатни станици-одморалишта.
Поставени се и четирите метални пешачки мостови, а рекреативната патека со широчина од 4 метри целосно е покриена со бехатон коцки и е подготвена за употреба.
 
 
Според проектот за јавното улично осветлување патеката е осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри. Деновиве истото е под режим на пробна работа.
Попатните станици-одморалишта (вкупно 5) целосно ќе бидат уредени и оплеменети со урбана опрема, како и табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди.
 
 
 
Заради поголема безбедност на граѓаните, како и за заштита на целосната инфраструктура, општината долж трасата ќе постави камери за видео надзор.
 
 
Инвеститори на овој капитален проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари.


Share

Додади коментар