Филипче: Нема да се брза со отоврање на градинките
29-05-2020 МАКЕДОНИЈА
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека нема да се избрзува со одлука за отворање на градинките.
Тој информираше дека планот за отворање на градинките е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика и оти тој ќе се спроведува паралелно со враќање на вработените на работните места.
„Во оваа ситуација нема да брзаме со отворање на градинките“, рече Филипче.
Министерот нагласи дека родителите на деца до 10 години и натаму се ослободени од работа, сѐ до донесување одлука за почеток на работа на градинките.

Додади коментар