Филипче: Можно е воведување на рестриктивни мерки - не се почитуваат превентивните мерки

 

Mинистерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција денеска рече дека младите не ги почитуваат превентивните мерки за заштита од корона вирус, поради што е зголемен и бројот на заболени кај младата популација. Нагласи дека есенва се очекува нов бран на вирусот, поради што е можно повторно воведување на рестриктивни мерки.

 

„Ќе ги засилиме мерките и контролите и апелирам да се разбере пораката дека ситуацијата е многу сериозна. Искрено се надевам дека нема да стигнеме до карантин, ниту пак до новите рестриктивни мерки и дека нема да се имплементираат. Но, анализите покажуваат дека мерките не се почитуваат на настаните на отворено. Состојбата со коронавирусот кај нас, како и насекаде во Европа и во многу земји во светот се влошува како завршува летото. Велика Британија, Франција, Шпанија, Чешка, Холандија се меѓу земјите кои се подготвуваат да имплементираат нов пакет рестриктивни мерки во обид да се спречи ширењето на коронавиурусот во овие земји. Размислуваме за задолжително носење на маски и на отворено, силни казни за семејни прослави, ограничување на бројот на гости во угостителските објекти“, рече министерот.



Share

Додади коментар