„Многу е важно граѓаните да ни помогнат со почитување на сите мерки за заштита. Ако уште многу трае оваа динамика нема да може да издржиме. Ќе се преполнат болниците, ќе недостасуваат и кревети и медицински кадар. Сите сме во оваа битка. Само заеднички може да си помогнеме. За себе и за сите околу нас“ порача министерот за здравство Венко Филипче.
Во текот на вчерашниот ден на ковид одделот во кавадаречката болница починал еден пациент на 72 годишна возраст од Кавадарци. Хоспитализирани се 39 пациенти, а има слободно 21 болнички кревет- информираа од болницата.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно на инфективните оддели во Скопје се лекуваат 433 лица сомнителни и потврдени на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
А.Д

Додади коментар